Капитенот на полската репрезентација Роберт Левандовски веќе неколку пати јасно кажа дека сака да го напушти Баерн Минхен.




Од друга страна од раководството на Баерн зборуваат дека не е сигурно дека полскиот напаѓач ќе си замине бидејќи има договор со клубот од Минхен уште една година, па тие одлучуваат дали ќе го пуштат.




Традицијата продолжува, се трансформира - Pinko Crafts ↓↓↓
Левандовски сега во интервју за германски „Билд“ и призна дека не знае дали ќе има можност да си замине.




“Не знам дали ќе заминам. Мојот договор е со важност уште една година, побарав дозвола од клубот да ја сменам средината. Мислам дека ова е најдоброто решение за целата ситуација. Со моето заминување во овој момент и клубот би заработил пари“, истакна Левандовски и продолжи:




“Ние не сме непријатели. Го почитувам овој клуб и овој град бидејќи ми станаа втор дом. Не сум себичен. Знам што ми даде Баерн и навистина го ценам тоа. Сакам се мирно и пријателски да се заврши“.




Левандовски за Баерн игра од јули 2014 година. Досега одигра 374 натпревари, на кои постигна 344 голови и забележа 124 асистенции. Десет пати ја освојуваше Бундеслигатата, а во сезоната 2019/2020. ја освои и Лигата на шампионите.