Дома Фудбал Останато Левандовски нема дилеми кој ќе ја освои „Златната топка“

Левандовски нема дилеми кој ќе ја освои „Златната топка“

Полскиот напаѓач Роберт Левандовски е сигурен дека Лионел Меси по осми пат ќе ја освои „Златната топка“ како најдобар фудбалер на годината во светот.

„Можеби има друг играч кој игра за истиот клуб, но само Светското првенство одлучува кој ќе биде најдобар оваа сезона. А сега Лео е дефинитивно на првото место бидејќи го освои Мундијалот и беше прогласен за најдобар играч“ „Мундо Депортиво“.


Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓


Левандовски алудираше на тоа дека Килијан Мбапе игра и за француски ПСЖ, во кој Меси минатата година се пресели од Барселона. Полјакот се уште не знае дали ќе игра за својата репрезентација на следното Светско првенство за четири години.

„Се зависи од тоа дали воопшто ќе се квалификуваме. Сега сум фокусиран на следното Европско првенство во Германија за две години“, вели Левандовски.

Одличниот напаѓач истакна дека Аргентина и Франција го одиграле едно од најдобрите финалиња на светските првенства. Според него, причината е што првенството се одржало на средината на клупската сезона.

„Да беше првенството во јуни по завршувањето на сезоната, играчите ќе беа поуморни, па немаше да можат да играат толку добро по 70 минути. Тоа беше убавината на финалињата во текот на сезоната и тоа беше разликата во однос на претходните првенства, што донесе дополнителен квалитет“, заврши Левандовски.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Останато

Проверете

Барса го „блиндира“ Јамал со клаузула од 1 милијарда

Младата ѕвезда на Барселона Ламин Јамал е блиску до потпишување нов договор со клубот, обј…