Дома Фудбал Левандовски најави како ќе игра Барселона по водство на Флик: Тоа е во крвта на овој клуб!

Левандовски најави како ќе игра Барселона по водство на Флик: Тоа е во крвта на овој клуб!

Полскиот напаѓач Роберт Левандовски ќе биде дел од Барселона и во новата сезона во која ќе игра под водство на германскиот стратег Ханси Флик.

Левандовски игра добро во пријателските натпревари, а беше стрелец на двата голови против Милан изминатата вечер (2:2).


Се за новиот формат во Лигата на Шампиони! ↓↓↓


По натпреварот Левандовски истакна дека е среќен што соработува со Флик и најави како ќе играат Каталонците во новата сезона.

„Многу сум среќен и задоволен што работам со Ханси Флик повторно. Верувам дека ќе имаме одлична сезона и ќе ја завршиме држејќи трофеј во рацете. Не треба да запираме да напаѓаме откако ќе поведеме со 1-0, туку да продолжиме да бараме уште.

Бидејќи тоа е во крвта на овој клуб. И Ханси се вклопува во тоа со неговиот офанзивен пристап“, изјави полскиот голгетер.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Дерби на денот: „Топџиите“ ја напаѓаат Божицата

Денес продолжува новата сезона во Лигата на шампиони во нов формат, а еден од најинтересни…