Изминатата вечер во НБА лигата беа одиграни 11 натпревари.
ЛА Лејкерси стигнаа до осмата победа, а до триумфот против Портланд ги предводеше Леброн Џејмс кој стигна до учинок од 44 поени, 10 скокови и 9 асистенции, додека Џавал Мекги додаде 20, кај Портланд одличен беше Јусуф Нуркиќ со 21 поен и 14 скокови.
Традицијата продолжува, се трансформира - Pinko Crafts ↓↓↓
Со овие 44 поени Леброн го помина Вит Чембрлејн на вечната листа на стрелци на НБА. Изби на петтата позиција со 31.420 поени и потребни му се уште 872 поени за да го помине Мајкл Џордан на четвртата позиција.
Кошаркарите на Далас ја победија Јута со 118:68 и овој натпревар ги изненаду сите љубители на кошарката. Како е можно на тоа ниво, каде што секоја екипа има голем буџет и прилика да доведе солидни засилувања да изгуби со 50 поени разлика?!
Дончиќ повторно беше добар во дресот на Далас со 13 поени, 6 скокови и 2 асистенции, а покрај него се истакна Харисон Барнс со 19 поени и Џеј Џеј Баре со 14 поени. Кај Јута, Рики Рубио забележа 11, а донован Мичел 10 поени.
https://youtu.be/VBC-mlXVH8A
Останати НБА резултати
Филаделфија – Орландо 106:111
Кливленд – Вашингтон 95:119
Чикаго – Бостон 82:111
Мајами – Бруклин 120:107
Детроит – Торонто 106:104
Мемфис – Милвоки 116:113
Њу Орлеанс – Минесота 100:107
Њујорк – Оклахома 103:128
Сан Антонио – Феникс 96:116
Портланд – ЛА Лејкерс 117:126