Изминатата вечер во НБА лигата беа одиграни дури 13 натпревари, а најголемо внмание привлекуваше враќањето на Леброн во Кливленд.
Леброн за прв пат од неговото доаѓање во Лејкерси беше гостин во Охајо. Но, за разлика од свирежите, пцовките и навредите кои ги доби пред осум години кога во Кливленд дојде од Мајами, сега доби овации од целата арена.
Традицијата продолжува, се трансформира - Pinko Crafts ↓↓↓
„Кралот“ одигра одличен натпревар и стигна до дабл-дабл учинок со 32 поени, 14 скокови и седум асистенции. Лејкерси славеа победа со 109:105.
Кливленд кој буквално се распадна после заминувањето на Леброн и има скор од 2:14 даде се од себе за да го расипе враќањето на Леброн. Џордан Кларксон уфрли 20 поени, додека Тристан Томпсон стигна до дабл-дабл со 14 поени и 15 скокови.
„Ова е голема ноќ за овој град, бидејќи нашиот херој се врати“, го најави натпреварот тренерот на Кливленд, Лери Древ.
Голден Стејт едноставно изгледа не може без Стеф Кари, моќниот тим без него изгледа изгубено. Вориорсите го запишаа четвртиот пораз во низа овој пат од Оклахома (95:123).
Клеј Томпсон и Дурант уфрлија по 27 поени, Дурант имаше и 14 скокови, но тоа не беше доволно. Најефикасен во победничкиот тим беше Шордер кој броеше до 32, додека Пол Џорџ натпреварот го заврши со 25 поени, пет асистенции и девет скокови.
Лука Дончиќ повторно одигра одличен натпревар и во победата на Далас против Бруклин (119:113) стигна до учинок од 21 поен, четири асистенции и девет скокови.
Денвер славеше победа против Минесота со 101:103. Никола Јокиќ во редовите на гостите немаше кој знае каков поентерски ефект, но придонесе со 10 асистенции и 12 скокови, додека уфрли само седум поени.
НБА резултати:
Шарлот – Индијана 127:109
Филаделфија – Њу Орлеанс 121:120
Атланта – Торонто 108:124
Бостон – Њујорк Никси 109:117
Чикаго – Феникс 124:116
Кливленд – Лејкерси 105:109
Хјустон – Детроит 126:124
Милвоки – Портланд 143:100
Минесота – Денвер 101
Далас – Бруклин 119:113
Сан Антонио – Мемфис 103:104
Јута – Сакраменто 110:119
Голден Стејт – Оклахома 95:123