Дома Видео ЛА Лејкерс го разби Мајами во првиот натпревар од финалето во НБА лигата

ЛА Лејкерс го разби Мајами во првиот натпревар од финалето во НБА лигата

Лејкерси дојдоа до водство од 1:0 во НБА финалето откако во првиот натпревар го победија Мајами Хит со 116:98.

Мајами одлично влезе во натпреварот. На отварањето имаше плус 13 (12:25), но потоа застанаа и беа непрепознатливи во продолжение.


ТОП викенд: Битка за Манчестер и две дербија во Италија! ↓↓↓


Лејкерси до крајот на првиот период го преземаа водството, кое само уште еднаш го испуштија во текот на втората четвртина, но до крајот на натпреварот покажаа надмоќ над хит. Разликата одеше и до 32, а на крајот екипата од Мајами успеа да ја спушти на пристојни 18 разлика.

Дополнителен проблем во овој натпревар за Хит се повредите на Драгиќ и Батлер. Драгиќ го повреди стапалото и не е познато дали ќе се врати во оваа серија, додека Батлер натпреварот го заврши со повреда на скочниот зглоб.

Лејкерси до победата го предводеа Ентони Дејвис со 24 поени и девет скокови, додека Леброн имаше учинок од 25 поени, 13 скокови и девет асистенции.

Кај Хит, Џими Батлер запиша 23, а Кендрик Нун имаше 18 кошеви.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Видео

Проверете

Манчестер Јунајтед ја сака ѕвездата на Наполи

Квича Кварацхелија беше вистинско откритие на Серија А минатата сезона и го привлече внима…