Дома Фудбал Германија Лајпциг ја прегази Херта, прв пораз за Волфсбург, Вирц херој на Леверкузен

Лајпциг ја прегази Херта, прв пораз за Волфсбург, Вирц херој на Леверкузен

Eкипата на Лајпциг немаше победа три натпревари во низа во Бундеслигата, но затоа денес Херта беше прегазена со 6:0.

Кристофер Енкунку постигна два гола за домнашниот тим, а по еднаш стрелаа Јусуф Поулсен, Норди Муикеле, Емил Форсберг и Амаду Хајдара.

Ќе го решиме проблемот со отпадот ако го гледаме како ресурс, а не како ѓубре! | Уште еден поткаст


Првиот пораз оваа сезона го доживеа Волфсбург кој беше поразен од Хофенхајм со 3:1.

Флоријан Вирц продолжува да игра одлично за Баер Леверкузен, денес тој го реши натпреварот со Мајнц (1:0).

Во останатите два натпревари Унион Берлин дојде до минимална победа против Арминија Билефилд (1:0), додека Ајнтрахт и Келн ремизираа 1:1.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Германија

Проверете

Проблем за Барса – Јамал се повреди, „Ел Класико“ под прашање!

Еден од најдобрите фудбалери на планетава, Ламин Јамал, поради повреда на грбот ќе мора да…