Дома Трансфер зона Лајпциг ги разочара гигантите: Нкунку останува!

Лајпциг ги разочара гигантите: Нкунку останува!

Претседателот на Лајпциг, Оливер Минтцлаф категорично потврди дека Кристофер Нкунку нема да го напушти клубот ова лето.

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


23-годишниот Французин игра одлично оваа сезона и го привлече вниманието на многу европски гиганти.

Оваа сезона на 44 меча постигна 30 гола и запиша 19 асистенции и за него силен интерес покажуваат Манчестер Јунајтед, Арсенал, Милан и Интер.

Сепак, директорот на Лајпциг тврди дека Нкунку не е на продажба и сигурно ќе остане во клубот ова лето.

„Кажав неколку пати, Нкунку ќе биде играч на Лајпциг и следната сезона. Тој беше еден од најдобрите наши играчи оваа сезона и ќе продолжи да се развива со нас и следната сезона“, изјави Минтцлаф.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Трансфер зона

Проверете

Карвахал веќе пронајде нов клуб

Откако официјално го заврши својот престој во Реал Мадрид, Дани Карвахал би можел многу бр…