Дома Фудбал Италија Лацио од 90-тите: Нема кој не стана успешен тренер!

Лацио од 90-тите: Нема кој не стана успешен тренер!

Лацио во доцните 90-тите години беше еден од омилените тимови, посебно на југословенските простори затоа што таму играа Синиша Михајловиќ и Дејан Станковиќ.

Станковиќ и Михајловиќ одиграа важна улога во освојувањето на двојната круна во 2000 година која беше круна на таа генерација. Тренер им беше Свен Горан Ериксон и се покажа дека своето знаење го пренел скоро на сите играчи.


Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓


Ако погледнеме во тој тим ќе видиме дека денес најголем број имња од тој тим се тренери и тоа многу успешни.

Секако, најуспешен е Роберто Манчини кој го освои Европското првенство со Италија, тука е Диего Симеоне кој прави чуда со Атлетико во изминатите години покрај Реал и Барселона. На Симоне Инзаги одлично му оди во Интер, а претходно добро го водеше и Лацио. Синиша Михајловиќ веќе е добро познато тренерско име.

Сержо Консесиао е одличен во Порто каде што освои две титули шампион и еден куп. На Дејан Станковиќ не му оди лошо во Црвена Звезда со која освои двојна круна, а успеа и да дочека европска пролет од првата позиција во групата во Лига Европа.

Од останатите Алесандро Неста ги водеше Мајами, Перуџа и Фросиноне. Паоло Негро е тренер на Сиена. Панкаро го водеше Пистојесе во сезоната 2019/2020, Нестор Сенсини гради кариера како тренер во Јужна Америка, кратко беше и во Удинезе.

Матијас Алмеида е тренер во МЛС лигата и го предводи тимот на Сан Хозе. Како што може да се види ретки се оние кои не се тренери, едни од нив се Хуан Себастијан Верон и Марсело Салас.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Италија

Проверете

Барса го „блиндира“ Јамал со клаузула од 1 милијарда

Младата ѕвезда на Барселона Ламин Јамал е блиску до потпишување нов договор со клубот, обј…