Дома Фудбал Италија Лацио и втор пат во две недели го победи Јувентус: Суперкупот оди во Рим! (ВИДЕО)

Лацио и втор пат во две недели го победи Јувентус: Суперкупот оди во Рим! (ВИДЕО)

Денес во Саудиска Арабија се одигра италијанскиот Суперкуп помеѓу Јувентус и Лацио.

Лацио се покажа како незгоден противник за „старата дама“ и втор пат во само две недели ги победи шампионот на Италија. После триумфот во првенството, Лацио денес триумфираше со 3:1.

Ќе го решиме проблемот со отпадот ако го гледаме како ресурс, а не како ѓубре! | Уште еден поткаст


Тимот од Рим беше тој кој прв дојде до водство. Сенад Лулиќ мајсторски се ослободи од Де Шиљо испрати топка во шеснасетникот, а таму таа стигна до Луис Алберто кој ја затресе мрежата.

До изедначување Јувентус стигна во последните секунди од првиот дел. Паоло Дибала се најде на вистинското место после еден „отпадок“ и реализираше за 1:1

Вториот дел донесе изедначена игра без премногу шанси. Лацио до победничкиот гол стигна во 73. мунута и тоа преку човкот кој имаше големи заслуги и при првиот погодок, Лулиќ.

Во самиот финиш од натпреварот Бентакур беше испратен во соблекувалната поради втор жолт картон. После тој прекршок Каталди постигна мајсторски гол за конечни 1:3.

За Лацио ова е петти трофеј во Суперкупот на Италија.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Италија

Проверете

Барселона избегна голем неуспех против Бриж, Манчестер Сити го растури Дортмунд

Манчестер Сити не остави никакви шанси на Борусија Дортмунд и триумфираше со 4:1 на „Етиха…