Дома Фудбал Останато Лампард потврди: Одбил неколку понуди откако го напушти Челзи

Лампард потврди: Одбил неколку понуди откако го напушти Челзи

После серијата слаби резултати тимот на Челзи го отпушти Френк Лампард, а на негово место дојде Германецот Томас Тухел.

Тухел за брзо време успеа да ги врати „сините“ на победничките патеки и го препороди тимот. Од друга страна Лампард откри дека во изминатиот период одбил повеќе понуди затоа што ја чека вистинската.


Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓


„Во последниот период одбив повеќе понуди. Навистина понудите беа добри, но не беа вистинските за мене“, изјави Лампард.

Лампард не ги откри имињата на клубовите, а во медиумите се шпекулира дека два од клубовите кои сакале да го доведат биле Кристал Палас и Селтик. Освен тоа добил и понуда да биде селектор на репрезентацијата на Англија до 21 година.

Ќе потсетиме, пред Челзи Лампард тренерската кариера ја започна во Дерби Каунти.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Останато

Проверете

Барса го „блиндира“ Јамал со клаузула од 1 милијарда

Младата ѕвезда на Барселона Ламин Јамал е блиску до потпишување нов договор со клубот, обј…