Она што се најавуваше во претходните денови сега го потврди и тренерот на Челзи, Френк Лампард.
На последната прес-конференција Лампард потврди голманот на Рен, Менди ќе се пресели во Челзи.
Како екраните влијаат на детскиот развој? Разговор со дефектолог
„Тој ги поминува медицинските прегледи. Набрзо се ќе биде завршено. Кепа добива здрава конкуренција и со него ќе се бори за статусот прв голман“.
Лампард откри и дека главна улога во доведувањето на Менди имал Петар Чех.
„Чех имаше големо влијание. Тој беше најдобар голман на светот и добро знае што ни е потребно, го оставивме тој да одлучи“, заврши Лампрд.
Останува да видиме дали со доаѓањето на Менди Кепа уште веднаш ќе се пресели на клупата за резерви.