Бенџемин Менди е фудбалер кој зад себе има тежок период кој две години се обидуваше да ја докаже својата невиност во обвинувањата за силување.
Сега тој откри кои фудбалери на Манчестер Сити му помогнале во долгиот судски процес. Како што вели тоа биле Бернардо Силва, Ријад Марез и Рахим Стерлинг.
Дерби на Манчестер: Да се види кој е полош!? ↓↓↓
„Се соочив со сериозни финансиски потешкотии, не можев да го издржувам семејството и се чувствував многу лошо. Тогаш ми помогнаа Бернардо Силва, Стерлинг и Марез кои ми позајмија пари за да ги платам правните трошоци и да го издржувам семејството“, изјави Менди.
Ќе потсетиме во моментите кога се водеше постапка против Менди, Манчестер Сити ја замрзна неговата плата.