Дома Трансфер зона Лазар Марковиќ се врати во Премиер лигата

Лазар Марковиќ се врати во Премиер лигата

Српскиот фудбалер Лазар Марковиќ повторно е во Англија и овој пат ќе го носи дресот на Хал Сити до крајот на сезоната.

22-годишниот фудбалер на Ливерпул, Лазар Марковиќ летото беше испратен на позајмица во Спортинг Лисабон, но таму главно беше на клупата па мораше да бара нов клуб.


Кој тепа, Ливерпул или Челзи!? ↓↓↓


Марковиќ пристигна на „Енфилд“ во 2014-та година како голем потенцијал. Тој беше купен од Бенфика за 25 милиони евра, но сепак не успеа да ги оправда очекувањата и постојано е испраќан по позајмици.

Од Хал Сити сега очекуваат Марковиќ да ја врати својата форма и да му помогне на тимот да избори опстанок во Премиер лигата.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Трансфер зона

Проверете

Александер Арнолд уште од јануари во Реал

Трент Александер-Арнолд може да го напушти Ливерпул уште во јануари бидејќи според последн…