Дома Македонски спорт Мак ракомет Лазаров со емотивна порака се прости од Бошковски: Почивај во мир Дондо мој, многу нефер од твоја страна…

Лазаров со емотивна порака се прости од Бошковски: Почивај во мир Дондо мој, многу нефер од твоја страна…

Селекторот на Македонија и тренер на Алкалоид, Кирил Лазаров со емотивна порака се прости од Андон Бошковски кој вчера изненадувачки почина.

Лазаров и Бошковски беа блиски, а заедно Кире како играч, Бошковски како дел од стручниот штаб беа дел репрезентацијата на Македонија кога го освоивме 5-тото место на ЕП во Србија.

Ќе го решиме проблемот со отпадот ако го гледаме како ресурс, а не како ѓубре! | Уште еден поткаст


,,Почивај во мир Дондо мој. Реткост е во денешно време да имаш блиски луѓе а ти ми беше еден од ретките.

Многу нефер од твоја страна.. Направивме многу заедно Знаевме и да се скараме но се сакавме/почитувавме Беше многу поквалитетен од тоа што мислеа но тоа не е битно јас знаев што имам покрај себе..

Нека ти е лесна земја и светол патот…

Сликата е од ЕП Србија 2012 после победата над Словенија за 5то место на прес конференција каде бевме горди Македонци“, напиша Лазаров на социјалните мрежи“, стои во пораката од Лазаров.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Мак ракомет

Проверете

Белгија никако не може да го пробие бункерот на Македонија (Видео)

Македонската репрезентација во Гент против моќната Белгија ја игра натпреварот со изразено…