Дома Македонски спорт Мак ракомет Лазаров: Во недела со полна сала да го прославиме пласманот на ЕП!

Лазаров: Во недела со полна сала да го прославиме пласманот на ЕП!

Ракометната репрезентација на Македонија вчера го совлада Луксембург со 23:28 во рамките од 5-тото квалификациско коло за пласмна на Европското првенство.

Домаќините пружија силен отпор, но нашата селекција го покажа квалитетот во клучните моменти и дојде до посакуваната победа.

Дејан Јакимовски: Ни ФИФА не веруваше дека ќе стигнеме на време со ВАР системот | Уште еден поткаст


„Денес не е лесно против никого во ракометот. Од Луксембург сме подобри, но не е така лесно кога не играш дома. Очекував да биде тешко, но фокусирани и концентрирани бевме комплетните 60 минути. Среќен сум за победата и пласманот на Европското првенство.

Се надевам дека во недела ќе бидеме уште подобри отколку денес, очекувам со полна сала да го прославиме пласманот на ново Европско првенство, на оваа подмладена селекција“, изјави Лазаров.

Македонија дома против Турција ќе игра во недела и само со некаква неверојатна победа од десет или повеќе голови разлика може Турција да го освои второто место.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Мак ракомет

Проверете

Вакво нешто не се памети во Македонија: РК Вардар спектакуларно го претстави новиот дрес! (Видео)

Ракометниот клуб Вардар ги одбројува последните денови до почетокот на новата сезона, а по…