Дома Топ вести Куртоа во вчерашното дерби и се повредил: Го чека пауза

Куртоа во вчерашното дерби и се повредил: Го чека пауза

Тибо Куртоа ќе биде надвор од терените две-три недели, потврди Реал Мадрид.

За отсуството на белгискиот голман не се причина неговите реакции кон навивачите на Атлетико Мадрид во вчерашното градско дерби, туку станува збор за повреда.

Сакаш да снимаш видеа и да заработуваш од тоа? ТЕБЕ ТЕ БАРАМЕ! ↓↓↓


Куртоа во вчерашниот натпревар го повреди адукторот на неговата лева нога и ќе мора да паузира. Очекувањата се да пропушти неколку натпревари меѓу кои и гостувањето против Лил во Лигата на шампионите.

Ќе потсетиме, Куртоа во минатата година имаше тешка повреда поради која беше надвор од терените до пред крајот на сезоната. На голот на Реал како и тогаш, ќе застане Украинецот, Андреј Лунин.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Топ вести

Проверете

Алегри не се откажува од идејата да го донесе Влаховиќ во Милан

Милан воспостави нов контакт со Душан Влаховиќ, бидејќи Макс Алегри сака повторно да работ…