Денес тимот на Шкендија со победа ја започна одбраната на купот на Македонија.
Акутелниот македонски шампион со резултат 2:0 беше подобар од Кожув на негов терен во Гевгелија.
Како екраните влијаат на детскиот развој? Разговор со дефектолог
Двата погодоци клубот од Тетово ги постигна во првото полувреме.
Од самиот старт Шкендија најави дека не сака да си прави проблеми. Прво Ибраими го отвори резултатот во 13-тата минута, за потоа Имери во 28 минута да зголеми на 2:0.
Во вториот дел немаше поголеми возбудувања Шкендија со сигурна игра ја одржуваше солидната предност.
Оваа победа за Шкендија значеше и пласман во осминафиналето.