Дома Трансфер зона Куман ќе го користи Меси на нова позиција?

Куман ќе го користи Меси на нова позиција?

Новиот тренер на Барселона, Роналд Куман би можел да го користи Лионел Меси на нова позиција.

Дебито на клупата на Барселона Куман ќе го има на стартот од Ла Лига, а медиумите најавуваат дека ќе ја користи формацијата 4-2-3-1 во која пронашол улога за Меси кој после сапуницата се решил да остане во клубот.


Салах руши рекорди! Викендов две големи дербија во Премиер Лига! ↓↓↓


Меси ќе игра на позицијата „лажно“ десно крило, а на левата страна ќе бидат Дембеле или Фати, па не е исклучено да заигра и Португалецот кој неодамна пристигна Франсис Тринкао.

Идејата на Куман е да ја рашири играта и да отвори простор на левата страна каде што брзи играчи како Дембеле, Фати или Тринако би го искористиле.

Меси ќе има слобода во нападот од него нема да се бара да се враќа назад за да ја организира играта. Холанѓанецот не сака да го троши Аргентинецот во одбраната.

Останува да видиме дали овие најави ќе се остварат и ако се остварат како Барселона ќе изгледа.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Трансфер зона

Проверете

Реал Мадрид го враќа Тео Хернандес

Реал Мадрид сака на лето да го врати во своите редови левиот бек на Милан, Тео Хернандес, …