Дома Фудбал Куман: Ја имам поддршката од играчите, за раководството не знам

Куман: Ја имам поддршката од играчите, за раководството не знам

Барселона вчера доживеа тежок пораз против Бенфика во Лисабон (3:0).

На навивачите не им се допаѓа работењето на Куман, но играчите после мечот му дадоа поддршка. Тие сметаат дека неговиот отказ нема да ги промени работите.

Дејан Јакимовски: Ни ФИФА не веруваше дека ќе стигнеме на време со ВАР системот | Уште еден поткаст


„Чувствувам голема поддршка од играчите. За раководството не знам. Сите знаат што е проблемот на Барселона. Нема да повторувам дека ова не е ист тим како минатата сезона. Овој пораз тежок, но не го покажува вистинскиот однос на силите на теренот. Игравме добро до 2:0 и вистина е дека во дефанзива мораме подобро“, изјави Куман.

Барселона на стартот од сезоната во Лигата на шампионите има два порази со гол-разлика 0:6, што уште поневеројатно во овие два натпревари Каталонците немаат удар во рамките од голот.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Бетис нуди нов договор на Иско, кој ќе го израмни со Антони

Бетис подготвува нов договор за 33-годишниот играч од средниот ред Иско, кој ќе го стави р…