![](https://sportski.mk/wp-content/uploads/2020/12/koeman-850x491.jpg)
Барселона во јануари изгледа ќе се ослободи од некои фудбалери.
Според информациите на шпанските медиуми Куман ќе се откаже од услугите на: Умитити, Фирпо, Алена и Пуиг.
Роналдо - човек рекорд! Франција и Белгија во дербито на денот! ↓↓↓
Имено, Куман во јануари ќе се обиде да ја заслили екипата со двајца фудбалери, а главни мети се Гарсија од Манчестер Сити и Депај од Лион.
За да го направи тоа ќе мора да продаде некои фудбалери, а споменатите четворица фудбалери се на листата непотребни. Умитити наводно има неколку понуди од Англија и на него Барселона би заработила околу 20 милиони евра, додека Фирпо има понуди од Италија.
Кога станува збор за Алена и Пуиг тие двајца веројатно нема да бидат продадени туку ќе се испратат на позајмица, но се уште не е познато во кои клубови.