Дома Фудбал Куман и прави проблем на Барселона во доведувањето на Чави?

Куман и прави проблем на Барселона во доведувањето на Чави?

Роналд Куман не прифаќа помала оштета и од Барселона си ја бара целата сума од 12 милиони евра која стои во договорот.

Во лошата финансиска ситуација која се наоѓа Барселона тоа е товар за клубот и претседателот Лапорта. Каталонците се обиделе да преговараат за помала сума, меѓутоа Куман не сакал да слушне за било какво намалување.

Дејан Јакимовски: Ни ФИФА не веруваше дека ќе стигнеме на време со ВАР системот | Уште еден поткаст


Со таквиот потег Куман би можел да и направи проблем на Барселона со доведувањето на Чави кој се очекува да биде негов наследник ако не се случи некаков пресврт. Веќе не се крие дека Барселона е во сериозни преговори со својата легенда и неговиот клуб Ал Сад. Сепак, дел од медиумите во Шпанија денес пишуваат дека во Барселона не можат да си дозволат да го доведат Чави и во исто време да го исплатат Куман.

Проблем секако се финансиите, а доаѓа и јануарскиот преоден рок во кој во таква ситуација тешко дека би можела Барселона некого да доведе.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Исак за првпат се огласи за трансферот во Ливерпул: Не знаете се што се случуваше

Фудбалерот на Ливерпул, Александер Исак, изрази задоволство што по неизвесниот трансфер пе…