Полскиот ски скокач, Давид Кубацки со рекорд победи во Гармиш-Партенкирхен, втората скокалница од Новогодинешната турнеја „Четири скокалници“.
Кубацки до својата петта победа во кариерата стигна со скокови од 139 метри во првата, и рекордни 144 метри во втората серија.
Дерби на Манчестер: Да се види кој е полош!? ↓↓↓
Второто место го освои водечкиот во генералниот пласман, Норвежанецот Халвор Егнер Гранеруд, со скокови од 137 и 136 метри, додека место на подиумот имаше и за сонародникот на Кубацки, Пјотр Жила (129.5 и 137 метри).
Новогодишната турнеја „Четири скокалници“ се сели в недела во Инсбрук.