Дома Фудбал Италија Кој ќе го менува Роналдо и друштвото: Вториот тим на Јувентус изгледа – застрашувачки! (фото)

Кој ќе го менува Роналдо и друштвото: Вториот тим на Јувентус изгледа – застрашувачки! (фото)

Јувентус ова лето одработи одличен преоден рок.

Секако, доаѓањето на Кристиано Роналдо е најголемиот трансфер на „старата дама“, но Португалецот не е единствен „новајлија“.

Кој е фаворит за трофејот во Првата лига!? | Overtime with TJ


Во Торино оваа сезона ќе игра уште еден негов сонародник, Жоа Кансело, пристигна за 40 милиони евра од Валенсија и се очекува да биде прв избор на позицијата десен бек. Тука е и повратникот Леонардо Бонучи, како и Емре Чан од Ливерпул. Јувентус поради заминувањето на Буфон го доведе и младиот голман Перин од Џенова.

Покрај засилувањата, Јувентус ги задржа и најдобрите играчи заминаа само оние кои беа означени како „вишок“, со исклучок на Матија Калдара кој навивачите очекуваа оваа сезона да добие шанса. Игуаин после доаѓањето на Роналдо и со оглед на тоа дека и Манџукиќ е тука и не е некоја голема загуба.

Реномираната „Газета дело Спорт“, поради тоа објави статија на тема „вториот тим на Јувентус“ и го нарече застрашувачки, а има и зошто.

Кога ќе се погледнат имињата на играчите кои не се во прв план кај Алегри и се резервисти јасно е зошто „старата дама“ и оваа година е прв фаворит за Скудетото, но се очекува и далеку да стигне во Лигата на шампионите.

juventus

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Италија

Проверете

Арсенал го пушта Зинченко без пари

Одбранбениот играч на Арсенал Олександар Зинченко може да го напушти клубот како слободен …