Дома Фудбал Останато Кој ќе биде следниот клуб на Мурињо? Ова се четирите опции!

Кој ќе биде следниот клуб на Мурињо? Ова се четирите опции!

Како што се приближува крајот на сезоната, така се поактуелната станува иднината на Жозе Мурињо.

„Специјалниот“ е слободен откако доби отказ од Манчестер Јунајтед во декември, но во неколку наврати истакна дека на лето ќе се врати на кормилото на некој клуб.


Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓


Мурињо одби неколку понуди да се врати на клупата во текот на сезоната и ќе ги чека летото за добро да ги разгледа сите понуди.

„Тренерската работа е навистина посебна. Уживам во секојдневната работа и сакам да се вратам ова лето, на самиот почеток на сезоната. Знам точно што сакам и затоа неодамна одбив три-четири понуди. Не зборувам за имиња на клубови, но според стилот на клубот точно знам што сакам и се надевам дека ќе одработам добра работа“, изјави неодамна Мурињо.

Медиумите тврдат дека во моментов четири клуба се во игра за неговиот потпис, а тоа во проценти би изгледало вака:

Баерн Минхен 50%: Јасно е дека Баварвите се прва опција за Мурињо, меѓутоа ако Ковач ја освои двојната круна би можел да остане. Португалецот неодамна јавно призна дека би сакал да го предводи Баерн, но Баварците го чекаат исходот на сезоната.

Лион 20%: Проблем се парите, Мурињо би можел да ги намали барањата, што потврди и претседателот Ола, па после Баерн ова е најреална опција за неговата иднина. Лион има добар тим, Мурињо ќе може да работи мирно и без притисок. Веројатното доаѓање на Специјалниот ќе ја запре продажбата на клучните игрчи од тимот.

Интер 15%: Мали се шансите Мурињо да се врати во Интер, бидејќи последните информации говорат дека клубот се одлучил за Антонио Конте. Португалецот разговарал со претседателот, лично му соопштил дека сака да се врати, но Кинезите и директорот Марота веќе се одлучиле за Конте.

Рома 15%: Овде исто така голем проблем се финансиите. Имено, Мурињо треба да се согласи на плата помала од 10 милиони евра. Притоа „волчицата“ ќе мора да продаде некои играчи доколку не обезбеди пласман во ЛШ, што сигурно нема да му се допадне на „Специјалниот“.

Во моментов само овие четири клуба покажуваат интерес кон Мурињо, па останува да го почекаме крајот на сезоната да видиме дали ќе се отвори нова опција за трофејниот тренер.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Останато

Проверете

Најцрниот месец во кариерата на Гвардиола: Вакво нешто никогаш не му се случило!

Пеп Гвардиола и Манчестер Сити го доживуваат најтешкиот период во нивната заедничка сорабо…