Дома Фудбал Англија Кој прв до титулата? – Што говори статистиката на Мурињо

Кој прв до титулата? – Што говори статистиката на Мурињо

Манчестер Јунајтед е еден од кандидатите за титулата во Англија оваа година, а Жозе Мурињо смета дека шест екипи ќе водат битка за првата позиција.

Манчестер Сити е лидер во Англија и има пет бодови повеќе од Јунајтед, но Мурињо смета дека уште неколку екипи ќе се борат рамноправно за титулата.

„Челзи е актуелен шампион и мислам дека е сериозен кандидат за титулата. Мислам дека и тие исто размислуваат. Бидејќи Евертон ниту по големата работа завршена во преодниот рок не успеа да влезе во комбинација за врвот, сметам дека шест екипи оваа сезона се вклучени во битката за титулата“, истакна Мурињо.

„Пет се веќе на врвот, шестиот е Ливерпул иако е неколку бода наназад, но во овој момент тоа не значи многу“.

Така што, по Мурињо Сити, Јунајтед, Арсенал, Тотенхем, Челзи и Ливерпул се конкурентите за титулата на Островот.

Викендов што следува, Јунајтед го очекува тешко гостување кај Челзи, додека интересно ќе биде и во дуелот помеѓу Манчестер Сити и Арсенал на „Итхад“. Моментално Сити е кандидат за првата позиција според статистиката, но Мурињо нема лесно да се откаже од своите цели.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Англија

Проверете

Добри вести за Милан пред дербито со Јувентус

Фудбалерот на Милан, Тео Ернандез вчера тренираше со тимот, откако претходните недели беше…