Дома Фудбал Останато Кој е тинејџерот кој од вчера е главна тема во Европа?

Кој е тинејџерот кој од вчера е главна тема во Европа?

Во вечерта во Лигата на шампионите во која Славија Прага освои бод на „Џузепе Меаца“, Наполи го сруши Ливерпул, Валенсија Челзи, а Меси се врати на теренот од повредата еден норвешки тинејџер стана тема на денот.

Ерлинг Холанд во Лигата на шампионите за својот Салзбург постигна хет-трик и веднаш се најде на врвот на листата на стрелци во ова натпреварување.


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Тој стана најмладиот играч кој постигнал хет-трик на дебито во Лигата на шампионите. Холанд не блесна само на овој натпревар. Во првенството на Норвешка веќе постигна 11 голови на седум настапи. Сепак, хет-трик во Лигата на шампионите е нешто посебно за било кој фудбалер, а не пак за еден 19 годишен тинејџер.

Дека може да има блескава кариера Холанд најави претходно оваа година кога на Светското првенство за репрезентации до 20 години постави голем рекорд.

Синот на норвешката легенда Алф-Инг Холанд кој го носеше дресот на Лидс и Манчестер Сити постигна вкупно девет голови на еден натпревар. Норвешка во последниот натпревар победи против Хондурас со 12:0, а тој успеа да постигне неверојатни девет гола.

Тоа беше големо изненадување за бројни фанови на фудбалот, но не и за оние кои играат „Фудбал Менаџер“. Во таа игра Холанд веќе неколку серијали е напаѓач со голем потенцијал.

Прво што се забележува кај Холанд е неговата физичка градба. Тој е висок 193 сантиметри, но силата и висината не се негова најсилна страна, тоа е неговата „левица“. Тоа многу добро го почуствува голманот на Генк.

Станува збор за фудбалер кој одлично се снаоѓа во просторот и неговата игра без топка е исто така силна страна. Одлично ги следи акциите на своите играчи, знае да се најде на вистинско место во вистинско време и да ја искористи својата корпулентност.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Останато

Проверете

Миовски избран за најдобар фудбалер на сезоната во Абердин

Македонскиот фудбалски репрезентативец Бојан Миовски ја доби наградата за најдобар фудбале…