Дома Фудбал Репрезентации Кошмар за Барселона во репрезентативната пауза – останаа без половина тим!

Кошмар за Барселона во репрезентативната пауза – останаа без половина тим!

Eкипата на Барселона се најде во големи проблеми во репрезентативната пауза.

Каталонскиот гигант за неполни 24 часа се соочи со повреди на петмина фудбалери и лесно може да е случи да останат без нив за предизвиците кои им следат. Двајцата Французи се повреди против Австрија. Жил Кунде како што стојат работите ќе паузира три недели, додека повредата на Дембеле е од полесна природа.

Вардар, Работнички, Силекс, Шкендија – Кој ќе блесне во Европа!? ↓↓↓


Натпреварот помеѓу Холандија и Полска исто така донесе лоши вести за Чави. Се повредија Мемфис Депај и Френки Де Јонг.

Тие ќе ја напуштат репрезентацијата и ќе се вратат во Барселона, засега не е познато од каква природа се нивните повреди.

И кога Каталонците помислија дека не може полошо следуваше повредата на Араухо. Oдличниот стопер се повреди после само 40 скунди од натпреварот. Така Барселона остана без петмина во 24 часа…

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Репрезентации

Проверете

„Ми се заврте и морав да легнам на теренот“ – фудбалерот на Челси ја предупреди ФИФА за опасноста на Светското клупско првенство

Челси и ПСЖ се подготвуваат за пресметка во финалето на Светското клупско првенство на ФИФ…