Дома Фото Короната не му може ништо: Ибра со 39. години изгледа како Терминатор ?

Короната не му може ништо: Ибра со 39. години изгледа како Терминатор ?

Шведскиот напаѓач Златан Ибрахимовиќ пред неколку дена објави дека ја победил короната и дека е подготвен за продолжение на сезоната.

Ибрахимовиќ скоро две недели помина во изолација, а во Милан стравуваа дека ќе го пропушти дербито против Интер. Но, тој успеа да се опорави и доби дозвола повторно да почне да тренира со екипата.

Не се плашам од немање пари – FitKit, Coach Foods и претприемачкиот пат на Јосиф Дамјанов ↓↓↓


Швеѓанецот тренира под полна пареа со цел да биде подготвен за дуелот со градскиот ривал.

Ибра објави фотографија на која изгледа неверојатно иако неодамна го прослави својот 39. роденден. Со фотографијата само кратко порача дека короната не му може ништо и дека се враќа посилен.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фото

Проверете

Реал Мадрид преку Јувентус во четвртфинал

Реал Мадрид со минимални 1:0 го совлада Јувентус во осминафиналето на Светското клупско пр…