Дома Фудбал Лига на шампиони Кориере дело Спорт објави кога ќе продолжи Лига на шампиони

Кориере дело Спорт објави кога ќе продолжи Лига на шампиони

Фудбалска Европа со внимание го следи развојот со пандемијата коронавирус. Веќе се најавуваат намалување на рестрективните мерки, што може да донесе до продолжување на спортските натпревари.

Целта на УЕФА е јасна: Навионалните шампионати треба да се завршат и тоа до почетокот на август, по што во осмиот месец да се заврши и со меѓународните натпреварувања – ЛШ и ЛЕ.


Кој ќе биде новиот шампион, Сити или Арсенал? ↓↓↓


Се повеќе се зборува и за мини турнир како начин да се завршат овие натпреварувања, а наводно УЕФА веќе ги има датумите за финалните натпревари. Па така, финалето во Истанбул би се одиграло на 29. август, додека финалето во ЛЕ би се одиграло три дена порано.

Кориере дело Спорт денеска објавува неофицијални информации за можните датуми за продолжување на ЛШ.

Споменатиот медиум верува дека преостанатите четири реванш натпревари од осминафиналето ќе се одиграат на 7. и 8. август. Станува збор за натпреварите Сити – Реал, Јувентус – Лион, Баерн – Челси и Барселона – Наполи.

Откако ќе завршат овие натпревари, четвртфиналните натпревари би се играче на 11. и 14. август, а полуфиналните на 18. и 22. Седум дена покасно, на 29. август би се одиграло финалето.

Доколку се остварат шпекулациите кои пред три дена прв ги објави шпански АС, новата сезона во ЛШ ќе започне на 20. октомври.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Лига на шампиони

Проверете

Флоријан Вирц играч на сезоната во Бундеслигата

Ѕвездата на Баер Леверкузен, Флоријан Вирц, е прогласен за најдобар играч во Бундес-лигата…