Полека, но сигурно како се ближи крајот на сезоната се зголемуваат тенизиите помеѓу менаџерите во Премиер лигата.
Имено, тренерот на лидерот Челзи, Антонио Конте му одговори на Жозе Мурињо кој констатираше дека „сините“ играат дефанзивно и само на контранапади.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
„Да, да го слушнав тоа што го кажа, но ме знаете мене… Не сакам да им реплицирам на останатите тренери. Не ми се допаѓаат неговите игри. Сепак, јас имам доволно искуство да знам за што станува збор и што се обидува да направи Мурињо“, одговори Конте и истакна дека за титулата се борат шест тима.
„Ако некој мисли дека првенството е готово, тогаш ќе кажам она што го мислам јас – не е готово. Јас мислам дека постојат шест тима кои се способни да ја освојат титулата и се може да се случи до крајот. Мораме да продолжиме во ист ритам и со сета сила да се обидуваме да доаѓаме до победата“, заклучи Италијанецот.