Дома Фудбал Англија Конте го „пречкрта“ Матиќ – Србинот бара трансфер во Манчестер Јунатед

Конте го „пречкрта“ Матиќ – Србинот бара трансфер во Манчестер Јунатед

Немања Матиќ има желба да го напушти Челзи и да се пресели во Манчестер Јунајтед кај својот поранешен тренер Жозе Мурињо. Интерес за српскиот репрезентативец покажува и Интер.

Матиќ се поврзува со трансфер во Манчестер Јунајтед уште од почетокот на преодниот рок, кога Челзи покажа серизен интерес за Тиему Бакајоко од Монако.

До кога ќе дишеме отровен воздух!? | Уште еден поткаст


Францускиот репрезентативец утрово пристигна на „Стенфорд Бриџ“, што значи дека Матиќ може да го напушти клубот. Англиските медиуми пишуваат дека Матиќ сака трансфер во Манчестер и дека поради тоа почнал да тренира сам, а не со останатите фудбалери.

Конте нема да смета повеќе на Србинот, но проблем е што не сака да го пушти во директен конкурент и остварил контакт со Интер.

Матиќ инситира да му биде дозволено да трансферира на „Олд Трафорд“ и одбива да тренира со остатокот од тимот, па ќе видиме како ќе се развива ситуацијата наредните денови.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Англија

Проверете

Шеф на Лион за Ендрик: Колку повеќе игра, толку помалку плаќаме на Реал Мадрид

Техничкиот директор на Лион Матијо Лиу-Жан се пофали со поволната структура на заемот, со …