Конор Мекгрегор повторно го шокира УФЦ светот најавувајќи негово пензионирање.
Непосредно откако на УФЦ 250 Аманда Нуненс доминантно ја победи Фелисија Спенсер контроверзниот Ирец одлучи да се прости.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
„Одлучив да се повлечам Конор Мекгрегор. Благодарам на сите неверојатни спомени. Какво патување беше ова. Оваа селика од мене и мојата мајка настана после една од освоените титули во Лас Вегас. Изберете го домот на своите соништа“, порача Мекгрегор на Твитер.
Последната борба Мекгрегор ја имаше во јануари кога за 40 секунди го нокаутираше Доналд Серон.
Ако Ирецот навистина се повлече ќе ја заврши кариерата со учинок од 22 победи и 4 порази. Треба да се спомене и дека и претходно Конор неколку пати најави одење во пензија, но повторно се враќаше.
Hey guys I’ve decided to retire from fighting.
— Conor McGregor (@TheNotoriousMMA) June 7, 2020
Thank you all for the amazing memories! What a ride it’s been!
Here is a picture of myself and my mother in Las Vegas post one of my World title wins!
Pick the home of your dreams Mags I love you!
Whatever you desire it’s yours ❤️ pic.twitter.com/Dh4ijsZacZ