Дома Фудбал Конечно: Се враќа Ансу Фати!

Конечно: Се враќа Ансу Фати!

Напаѓачот на Барселона, Ансу Фати конечно доби зелено светло за враќање на терените.

Барселона во официјалното соопштение потврди дека лекарскиот тим дал зелено светло и дека Фати првпат ќе конкурира за каталонскиот тим.

Од неколку парчиња пелени до успешен бизнис - Приказната за Балон Твистер ↓↓↓


Тој ќе биде на списокот за патувања за Монако на стартот од новата сезона во Лигата на шампионите, што воедно ќе биде негово повратно деби по позајмицата во Брајтон, каде исто така имаше проблеми со повреди.

Ансу Фати е дете на Барселона, дебитираше под водство на Ернесто Валверде, но потоа започнаа проблемите со повредите.

Ханси Флик верува дека може да го врати во вистинската форма и во него гледа потенцијално вреден играч во ротацијата, во моменти кога тоа никој не го очекува.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Ливерпул со јасна порака до Барселона: Кога Бруно вреди 100 милиони евра, тогаш толку вреди и Дијаз!

На релацијата меѓу Луис Дијаз и Барселона се појавија најнови вести – спортскиот директор …