Клубот од Милано конечно го официјалзираше трансферот на Холанѓанецот.
Готово е! Заврши уште една сапуница во италијанскиот фудбал – Стефан Де Фрај потпиша за Интер.
Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓
Сите детали од овој трансфер беа договорени уште од поодамна, а денес се беше официјализирано.
Де Фрај денес со Интер потпиша договор на пет години, а на „Џузепе Меаца“ пристигна како слободен фудбалер откако му истече договорот со тимот на Лацио.
Во претходните четири сезони за клубот од Рим, Де Фрај одигра 118 натпревари и постигна десет погодоци. Освои еден италијански Суперкуп.
Пред Де Фрај во Милано во овој преоден рок пристигнаа Раџа Наинголан од Рома и Матео Полиатано од Сасуоло, а прашање на денови можеби и часови кога ќе бидат официјализирани трансферите на Лаутаро Мартинез (Расинг) и Квадво Асамоа на кого му истече договорот со Јувентус.
Интер минатата сезона ја заврши на четвртата позиција и после шест години ќе игра во Лигата на шампионите.
È ufficiale! @Stefandevrij è nerazzurro! ?✍️
Per lui contratto fino al 2023 ⚫️?
? https://t.co/0KC3FWrX9L#WelcomeStefan #InterIsHere #FCIM pic.twitter.com/ICJkCpdhSi
— Inter (@Inter) July 2, 2018