Дома Фудбал Лига на шампиони Коман: ПСЖ е одличен тим, но во ЛШ се е можно

Коман: ПСЖ е одличен тим, но во ЛШ се е можно

Ѕвездата на Баерн Минхен, Кингсли Коман, има голем респект кон ПСЖ, но верува дека Баварците можат да го елиминираат од ЛШ.

Вечерва Баерн му гостува на ПСЖ во осминафиналето од ЛШ, а Коман се враќа на местото каде што ја почна кариерата.

До кога ќе дишеме отровен воздух!? | Уште еден поткаст


„Ги победивме последните три натпревари. Мораме да пристапиме со самодоверба и позитивно расположение. Во фудбалот секогаш има тешки моменти. ПСЖ е одличен тим, но се е можно во Лигата на шампионите. Се надевам дека Баерн ќе излезе победник од двомечот“, изјави Коман.

Тој се потсети и на финалето во ЛШ меѓу двата тима во 2020 година, кога Баерн победи со голот на Коман.

„Несомнено, тоа е еден од најголемите моменти во мојата кариера. Тој гол ми даде крилја. Помина многу време, но остана прекрасен спомен. Сепак, сега е ова сосема нов дуел“, изјави Коман.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Лига на шампиони

Проверете

Роналдо повторно одби да игра за Ал-Наср, а потоа изненаден гледаше што му приредија навивачите

Кристијано Роналдо пак е во центарот на вниманието, но овој пат не заради головите, туку з…