Дома Фудбал Лига на шампиони Колку пари Манчестер Сити ќе изгуби ако биде исфрлен од Лигата на шампионите?

Колку пари Манчестер Сити ќе изгуби ако биде исфрлен од Лигата на шампионите?

УЕФА вчера објави дека Манчестер Сити го прекршил финанискиот фер-плеј и дека поради тоа „граѓаните“ ќе бидат казнети, а постои можност и да бидат исфрлени од Лигата на шампионите.

Истрагата на УЕФА била започната пред неколку месеци, а вчера беше објавено дека Манчестер Сити е виновен и дека имале финансиски нерегуларности во нивното работење. Ги заобиколувале правилата на спонзорите кои се поврзани со клубот од „Етихад“.


Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓


Шампионот на Англија дури се обидел и да го заобиколи и финансискиот фер-плеј, а тоа би можело скапо да го платат. Постои опција да бидат исфрлени од Лигата на шампионите наредната сезона, што секако би било голем удар за клубот.

Најголемиот удар за Сити би бил е што нема да ги добијат големите суми кои се доделуваат во најелитното европско натпреварување. Клубовитр добиваат 15.2 милиони евра за учество во групната фаза, 2.7 за секоја победи и 900.000 евра за секој нерешен резултат.

Сити оваа сезона со тоа што стигна до четвртфиналето од Лигата на шампионите заработи повеќе од 50 милиони евра. Сигурно дека на „Етихад“ се надеваат на помала казна и учество во Лигата на шампионите наредната сезона.

Од Сити пред веднаш после објавата на УЕФА за можните санкции се огласија со официјално соопштение.

„Манчестер Сити е разочаран, но не и изненаден од одлуката за започнување постапка против шефот Јвес Летерм. Манчестер Сити е убеден дека на крај работата ќе завршо позитивно за нас“, соопштено беше од клубот.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Лига на шампиони

Проверете

Маскерано ќе биде нов тренер на Меси и Интер Мајами

Првата клупска тренерска работа на Хавиер Маскерано ќе биде да го тренира еден од најдобри…