Дома Фудбал Останато Коке го откри играчот кој сака да го види во дресот на Атлетико Мадрид

Коке го откри играчот кој сака да го види во дресот на Атлетико Мадрид

Играчот за врска на Атлетико, Коке призна дека во мадридскиот клуб би сакал да го види Марко Ројс.

Иако овој 29-годишен фудбалер речиси секој трансфер период се поврзува со многу различни клубови, од 2012. година па се до денес е член на екипата од Мадрид. Меѓу оние кои се восхитуваат на неговата лојалност е и Коке, кој не крие дека би сакал Ројс да дојде во Атлетико.

Вардар сигурен, Шкендија има шанси, Силекс и Работнички тешко! ↓↓↓


„Би сакал да го видам во Атлетико. Ми се допаѓа неговиот стил на игра, брз е, опасен, непредвидлив. Имаше многу понуди во изминатиов период, но секој пат одлучува да остане. Тоа ме импресионира. Таква лојалност на клубот се повеќе не се гледа во фудбалот“, изјави Коке за странските медиуми.

За Дортмунд Ројс одигра повеќе од 200 официјални натпревари, а постигна 103 гола и запиша 66 асистенции. Претходно го носеше дресот на Борусија Менхенгладбах.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Останато

Проверете

Се подготвува голема „чистка“ во ПСЖ: Може да заминат 11 фудбалери!

Луис Енрике и раководството на ПСЖ изгледа се одлучија за следниот чекор – 11 фудбал…