Компанијата Кока-Кола, производител на безалкохолни пијалаци, одговори на капитенот на Португалија, Кристиано Роналдо, кој ги тргна шишињата со овој газиран пијалак на прес-конференција пред натпреварот со Унгарија.
Тој не само што не пие кока-кола и слични пијалци, туку и не сака да биде во нивна близина, па ги тргна од пред себе покажувајќи им на тие што го следеа неговото обраќање дека треба да пијат само вода.
Манчестер Сити треба да победи - и тоа кога е најтешко! ↓↓↓
Половина час подоцна кога Роналдо и Фернандо Сантос се појавија во прес-салата на стадионот Ференц Пускас, вредноста на акциите на Кока-Кола падна за 1.6%.
Кока-Кола се огласи и истакна дека „секој има свои желби за пиење“, додавајќи дека секој има различни „вкусови и потреби“.
„Секој има свој омилен пијалок и различни вкусови и потреби“, истакнаа од Кока-Кола.