Дома Фудбал Кока-Кола изгуби вртоглава сума на пари поради потегот на Роналдо

Кока-Кола изгуби вртоглава сума на пари поради потегот на Роналдо

Еден од најдобрите фудбалери на денешницата, Кристијано Роналдо, важи за голем фанатик на здравиот живот, што му овозможува и со 36 години да им парира на далеку помладите противници, кои не му се ниту до колена во физичката подготовка и изгледот на телото.

Поради тоа, не зачудува неговата реакција на прес-конференцијата пред мечот на Португалија против Унгарија на ЕВРО 2020, кога покажа колку не ги сака газираните сокови, кои, според лекарите, се исклучително штетни.


Диск голф го освојува светот, а го нема во Македонија!? ↓↓↓


Тој не само што не пие кока-кола и слични пијалци, туку и не сака да биде во нивна близина, па ги тргна од пред себе покажувајќи им на тие што го следеа неговото обраќање дека треба да пијат само вода.

Токму поради тоа, популарниот Роналдо направи за само неколку минути Кока-Кола загуби вртоглава сума на пари.

Берзите во Европа се отворија во 15 часот. Во тоа време, една акција на Кока-Кола беше 56,10 американски долари.

Половина час подоцна кога Роналдо и Фернандо Сантос се појавија во прес-салата на стадионот Ференц Пускас, вредноста падна на 55,22 долари по акција.

Ова значи дека за кратко време е забележан пад од 1,6%, што значи дека вредноста на компанијата падна од 242 милијарди на 238 милијарди. Значи, загубата е четири милијарди долари.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Анчелоти: Реал Мадрид е најголемиот клуб во историјата

Карло Анчелоти е еден од тренерите со најбогата историја и во својата кариера седеш на клу…