Долгогодишниот менаџер на Арсенал, Арсен Венгер денес објави дека се повлекува на крајот од сезоната.
После 22 години дојде време Венгер да се раздели со Арсенал, клуб со кој помина низ многу успеси и падови.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Името на новиот менаџер на Арсенал би можело да биде познато многу брзо. Неколку имиња од поодамна се поврзуваат со лондонскиот клуб, а во овој момент за главен фаворит важи поранешниот фудбалер на овој клуб Патрик Виера.
Токму Венгер го предложи Виера како идеален наследник и обложувалниците веруваат дека 41 Французин би можел да биде новиот стратег на Арсенал.
Покрај Виера помеѓу кандидатите се Масимилијано Алегри и Карло Анчелоти. На овие двајца исто така им се даваат големи шанси, а потоа следуваат имињата на Луис Енрике, Јоаким Лев, па дури и Рафа Бенитез.
Помеѓу кандидатите е и Томас Тухел. Интересно е што овој стручњак според обложувалниците е помеѓу првите фаворити за нов тренер на „топчиите“ иако претходно беше најавено дека е пред договор со Пари Сен Жермен.
Венгер со Арсенал освои 17 титули, а оваа сезона има можност да стигне и до уште еден. Арсенал во Лигата на Европа игра полуфинале против Атлетико Мадрид.