Кевин Дурант изминатата ноќ се соочи со една бизарна ситуација откако два пати мораше да излегува од игра поради Ковид протоколите на НБА лигата.
Прв тој не можеше да го започне натпреварот, но потоа доби дозвола за игра. Пред мечот тој направи три теста и сите три му биле негативни, а кон крајот на третата четвртина сепак мораше повторно да излезе. Причина бил неговиот контакт со лице кое добило позитивен тест.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Тој претходно прво беше тргнат од клупата, а потоа вратен назад. Самиот Дурант не можеше да поверува што му се случуваше.
Kevin Durant's reaction when told he has to leave the game due to health and safety protocols after being initially cleared by the NBA.pic.twitter.com/ay3uBs2wyE
— ClutchPoints (@ClutchPointsApp) February 6, 2021