Дома Фудбал Англија Клубовите незадоволни: На повидок нова промена во Премиер лигата

Клубовите незадоволни: На повидок нова промена во Премиер лигата

premier league

За прв пат во Англија ова лето клубовите од Премиер лигата можеа да купуваат фудбалери до 9-ти август што беше огромно скратување на преодниот рок со оглед дека претходно истиот завршуваше на 31-ви.

На Островот се пишува за незадоволството на клубовите кои наводно размислуваат да испратат жалба до раководството на лигата со која ќе бараат да се врати стариот рок.


Германија гази и најавува битка за титула! ↓↓↓


Како главна причина за незадоволството се истакнува што клубовите не би биле во можност да реагираат во случај на повреда на некој фудбалер или пак да заменат фудбалер кој нема да ги исполни очекувањата.

Имено, за сето ова да биде прифатено и преодниот рок да биде вратен потребно е еден клуб официјално да го предложи таквото барање, а потоа истото да биде прифатено од најмалку 14 клубови учесници во најсилната англиска конкуренција.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Англија

Проверете

Во Реал Мадрид немаат дилеми кој ќе биде капитен по Начо

Шпанскиот фудбалер Начо Фернандез вчера прифатил двегодишна соработка од Ал Кадсија и таму…