Ги купи навивачите повторно, но веројатно ќе мора да плати.
Јирген Клоп е под истрага за однесувањето во натпреварот после победничкиот гол на Дивок Ориги против Евертон. Германецот втрча во терено и жестоко ја прослави победа, а ФА би можела да го казни поради тоа.
Како екраните влијаат на детскиот развој? Разговор со дефектолог
Како што пишуваат англиските медиуми, Клоп најверојатно ќе го прифати обвинението што ќе резултира со финансиска казна и предупредување за во иднина.
Клоп не можеше да се воздржи и истрча до голманот Алисон Бекер. Потоа се извини и порача дека му е јасно дека не се однесувал така како што се очекувало од него.
Сега има време до 6-ти декември да се изјасни дали ќе испраќа жалба и ако ја прифати вината како што се и очекува не би требало да добие забрана за водење на тимот.
https://www.facebook.com/SoccerAM/videos/272248056768829/