Дома Топ вести Клоп ја „краде“ големата желба на Баерн

Клоп ја „краде“ големата желба на Баерн

Играчот за врска на Борусија Мехенгладбах, Флориан Нојхаус е на мета на неколку европски гиганти.

23-годишниот играч за врска блеска оваа сезона во дресот на Мехенгладбах, а медиумите тврдат дека Баерн Минхен веќе подолго време го следи играчот за врска.

Сега во трката за неговиот потпис се приклучи Ливерпул, кој е спремен да го „украде“ играчот пред носот на Баерн Минхен.

Нојхаус оваа сезона одигра 21 меч на кои постигна 4 гола и запиша 5 асистенции, а Клоп верува дека ќе биде идеална замена за Вајналдум.

Играчот има откупна клаузула од 40 милиони евра, сума која двата клуба се спремни да ја платат, но играчот преферира преселба во Ливерпул.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Топ вести

Проверете

Дебакл: Футсал репрезентацијата поразена со 9:1

Футсал репрезентацијата на Македонија во последното коло во натпреварот против Романија за…