Ливерпул првпат сезонава изгуби во Премиер лигата. Вчера во рамките од 28. коло „црвените“ беа поразени на гости од Вотфорд.
Тоа беше прв пораз за Ливерпуч уште од 3. јануари 2019 година кога паднаа на „Етихад“. Со поразот од Вотфорд заврши неверојатната низа од 18 победи во низа во Премиер лигата.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Јирген Клоп после овој пораз се обиде да извлече и нешто позитивно.
„Сега повторно можеме слободно да играме и да не мислиме дали ќе го срушиме рекордот. Знаевме дека еднаш ќе изгубиме и го чекавме тој ден. Сега мораме да продолжиме да победуваме“.
„Зошто имаме толку бодови? Затоа што се броевме против опуштањето и падот на концентрацијата. Останатите екипи се обидуваа да го направат истото, но не успеаа. Нормално дека не сме среќни што изгубивме, сепак ова не е најголемата катастрофа во фудбалот“, изјави Германецот.
Овој пораз веројатно нема многу да промени кога во прашање е новиот шампион на Англија, затоа што тимот на Клоп има 22 бода предност во однос на Сити кој има натпревар помалку.