Дома Фудбал Англија Клоп: Мурињо е исклучителен менаџер кого многу го ценам!

Клоп: Мурињо е исклучителен менаџер кого многу го ценам!

Менаџерот на Ливерпул, Јирген Клоп имаше само убави зборови за својот колега Жозе Мурињо, кој денес доби отказ од кормилото на Манчестер Јунајтед.

Викендов тимот на Клоп со 3:1 го победи Манчестер Јунајтед, што беше капката која ја прелеа чашата за Мурињо да добие отказ.

Како екраните влијаат на детскиот развој? Разговор со дефектолог


„Мурињо е многу амбициозен тип, имам голем респект кон него и неговите неверојатни успеси. Мислам дека последните месеци не беа многу пријатни за него. Секој ден мораше да се соочува со многу шпекулации, а тоа е проблем“.

„Меѓутоа, никој не може да му ги земе трофеите кои ги освоил. Се надевам дека тој заминува со таа мисла во главата, а не со некои работи кои се случија последните месеци. Мурињо е навистина исклучителен менаџер“, истакна Клоп.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Англија

Проверете

Денеска беше постигнат најбрзиот гол сезонава во Премиер лигата! (Видео)

Ливерпул по пауза од месец и пол успеа да постигне победа дома во Премиер лигата. Во 16-то…