Дома Фудбал Англија Клоп може да не го продолжи договорот со Ливерпул поради – времето!?

Клоп може да не го продолжи договорот со Ливерпул поради – времето!?

0

Jирген Клоп има важечки договор со Ливерпул до летото 202 година, но одличниот германски тренер засега одбива да ја продолжи соработката.

Пред неколку недели во разговор за германски „Кикер“ најави дека после истекот на договорот би можел да го напушти Ливерпул.

„Можеби ќе биде така. Кој може со сигурност да каже што ќе се случи за три години? Ако видам дека не можам повеќе ќе земам одмор и потоа ќе одлучам што ќе правам понатаму. Имам енергија, но не сакам така да ја работам оваа работа. Големи се шансите после таа пауза нивото на енергија да порасне, па така повторно би можел да работам со истата страст“, изјави тогаш Клоп.

Сега неговиот агент Марк Косицке во разговор за „Спокс“ откри необична причина поради која Германецот одбива да го продолжи договорот со Ливерпул.

Косицке откри дека на Клоп не му одговара климата во Ливерпул.

„Додека работеше во Германија, Клоп ги избегнуваше мрачните утра и вечери така што одеше на годишен одмор во текот на зимската пауза во Бунедс лигата. Во Премиер лигата тоа не беше можно поради згуснатиот распоред. Иако оваа сезона во Англија ќе има зимска пауза лошото време го нервира Клоп. Се сеќавам дека Ливерпул во ноември или декември побара да го продолжат договорот. Јас им одговорив да почекаме. Јирген и неговата сопруга Ула стануваат рано и тогаш е мрак, а не им се допаѓа и тоа што навечер е тмурно или грми“, откри Косицке.

За Клоп во Ливерпул постои уште еден голем предизвик, а тоа е освојувањето на Премиер лигата, титула која на „Енфилд“ се чека 30 години.

Коментари
Advertisements
Прочитајте поврзани статии
Load More In Англија

Проверете

Ракитиќ се огласи после одењето пеш од аеродромот до дома (фото)

Хрватскиот репрезентативец Иван Ракитиќ се најде во голем проблем по враќањето во Барселон…