Дома Фудбал Лига на шампиони Клоп: Ливерпул против Милан е фудбалска класика

Клоп: Ливерпул против Милан е фудбалска класика

Менаџерот на Ливерпул, Јирген Клоп го определи дуелот со Милан во Лигата на шампиони како фудбалска класика.

Клоп потенцираше дека ова е исклучително тешка група, бидејќи покрај Милан, тука се уште Атлетико Мадрид и Порто.

„Кога зборуваме за европски фудбал, Ливерпул против Милан е класика која мора да се гледа. Милан не играше во ЛШ неколку години, но тимот има фантастичен прогрес во последните 18 месеци. Силно ја отворија сезоната и не очекува тежок меч“, истакна Клоп.

„Има неколку интересни дуели во ЛШ оваа сезона, а ова е еден од нив. Европските вечери на Енфилд се нешто специјално, немам трпение да започне овој натпревар. Нашата група е многу тешка, Атлетико е шампион на Шпанија, а Милан еден од најголемите во Европа“, додаде Германецот.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Лига на шампиони

Проверете

Севиља – Валенсија: Големо дерби во Примера

Денес на програмата е вонредното 6-то коло во шпанската Примера, каде најголемо внимание с…