Ливерпул е во серија на лоши резултати, „црвените“ од самиот почеток на сезоната имаат проблеми со стоперите.
Прво се повреди Ван Дајк, додека Матип повеќе беше надвор отколку што беше на располагање. Фабио и Хендерсон ја покриваа „дупката“ во одбраната. Клоп добро знае дека тоа е проблем, но во управата изгледа не мислеле така.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Според информациите од Островот Клоп го договорил стоперот Пер Шурс од Ајакс кој е одличен сезонава.
Управата на Ливерпул не била за таа идеја и го оставила Клоп во грижи. Како и да е ако Ливерпул не донесе стопер во овој преоден рок тогаш тоа ќе мора да го направи во летниот, бидејќи се посебно „тенки“ оваа позиција.